Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разузнавачи не веруваат дека Русите ја успорија инвазијата за да нема цивилни жртви, има друга причина

Разузнавачи не веруваат дека Русите ја успорија инвазијата за да нема цивилни жртви, има друга причина

Не е точно дека Русите забавија зашто не сакаат цивилни жртви, велат британските разузнавачи. Тие велат дека руската офанзива е забавена поради лошите воени резултати и жестокиот отпор од Украина.

Додаваат дека Русија смениле најмалку шест генерали поради слабиот напредок на бојното поле.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу пред два дена на Шангајската организација за соработка изјави дека Русија намерно го забавува темпото на воената акција во Украина затоа што сака да го намали бројот на цивилните жртви.

Британските разузнавачи велат дека на денот кога Шојгу се правдаше дека не сакаат цивилни жртви, тој ден руската балистичка ракета СС-26 Искандер погоди воз во Чаплино, при што наводно се убиени најмалку две деца. 

Руското Министерство за одбрана вчера објави дека нивните сили ја погодиле железничката станица Чаплино во украинскиот регион Дњепропетровск и тврдеше дека убиле „200 војници“, а Киев наведува дека загинале најмалку 25 цивили. 

Инвазијата на Украина трае повеќе од шест месеци. 

Инаку, Службата за безбедност на Украина (СБУ) поднесе обвинение за воени злосторства против Кадиров. СБУ на својот канал Телеграм објави дека собрала „безусловни докази за воените злосторства извршени од Рамзан Кадиров“, пренесува ТАСС.


фото ЕПА

Слично

Поврзани вести