Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разрешен е рускиот генерал кого Путин го одликуваше во јули

Разрешен е рускиот генерал кого Путин го одликуваше во јули

Командантот на руската армиска група Центар во Украина е сменет од функцијата.

Генералот Лапин го критикуваа чеченскиот лидер Рамзан Кадиров и шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин. Само пред три месеци тој доби одликување од рускиот претседател Владимир Путин. Лапин е сменет од функцијата, изјави извор од Министерството за одбрана за „Москва тајмс“. Кадиров го критикуваше генерал-полковникот за „предавањето“ на Лиман.  Според Кадиров, без никаква борба во Лиман влегле пет оклопни транспортери и 50 украински војници.  Лапин (58) командуваше со Централниот воен округ  од 2017 година. Тој претходно го предводеше штабот на руската група во Сирија. На 4 јули, Лапин ја доби титулата Херој на Русија за неговото учество во заземањето на регионот Луганск.

Откако почна руската инвазија на Украина на 24 февруари, имаше смена на повеќе генерали во руската армија. Кадиров постојано кажува дека не е задоволен како тече војната во Украина. 

Слично

Поврзани вести