РАЗОРНИ ЕКСПЛОЗИИ ГИ РАЗБУДИЈА РУСИТЕ: Гори складиште со муниција близу границата со Украина
Голем пожар го осветли ноќното небо во Русија, во близина на границата со Украина, по серијата експлозии во неколку региони.
Огромни пламени јазици и облаци од чад го осветлија ноќното небо откако во раните утрински часови во средата беа пријавени неколку силни експлозии низ различни руски региони во близина на границата со Украина.
Експлозиите се слушнале во градот Белгород, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков и потврди дека магацинот за муниција во покраината гори.
Гладков рече дека нема повредени цивили во пожарот што избувна во зградата кај селото Стара Нелидовка.
Тој на телеграм наведува:
- Околу 03.35 ме разбуди силен тресок кој звучеше како експлозија. Додека го пишував овој пост, се слушнаа уште три експлозии. Според првичните информации, во близина на селото Стара Нелидовка гори складиште за муниција.
Фото: принтскрин/ Belgorod 1/east2west news
