Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАЗОРЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 7 СТЕПЕНИ ГО ПОГОДИ ТИБЕТ, ИМА МНОГУ МРТВИ: Спасувачки тимови ги пребаруваат урнатините по преживеани (Видео)

РАЗОРЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 7 СТЕПЕНИ ГО ПОГОДИ ТИБЕТ, ИМА МНОГУ МРТВИ: Спасувачки тимови ги пребаруваат урнатините по преживеани (Видео)

Најмалку 53 лица загинаа, а 62 се повредени во земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала што го погоди Тибет.

Околу 1.500 пожарникари и спасувачи беа ангажирани во потрагата по луѓето под урнатините, соопшти кинеското Министерство за вонредни состојби.

Американскиот геолошки институт (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во Тибет, на длабочина од околу 10 километри, додека Кина регистрирала земјотрес со јачина од 6,8 степени, пренесе АП.

Епицентарот се наоѓал на границата на индиската и евроазиската тектонска плоча. Најголемиот град што бил во близина, Шигаце, се наоѓа на 23 километри од епицентарот.

Во Непал, во главниот град Катманду, жителите во паника ги напуштиле своите домови откако земјотресот ги разбудил, јавуваат локалните медиуми.

Според податоците на USGS, во минатиот век во овој регион се случиле десет земјотреси со јачина од најмалку шест степени.


Си нареди да се направи се што е можно за да се спасат што повеќе животи во Тибет

Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди да се испратат сите расположливи сили во Тибет за да се спасат што е можно повеќе луѓе по земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот.

Тој, исто така, повика на превенција од катастрофи, соодветно преселување на погодените жители и ефикасно справување со последиците од несреќата, објави новинската агенција Ксинхуа.

„Неопходно е да се зајакне следењето на земјотресот и рано предупредување, брзо да се дистрибуира итна помош за спасување, да се забрза поправката на оштетената инфраструктура, да се обезбедат основните потреби на населението и да се гарантира безбеден зимски период за сите“, рече Си.



Слично

Поврзани вести