Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАЗОРЕН УРАГАН ЈА ПОГОДИ ЈАМАЈКА: невремето уништува се пред себе - ветер од 215 километри на час, најмалку 7 лица загинаа (ВИДЕО)

РАЗОРЕН УРАГАН ЈА ПОГОДИ ЈАМАЈКА: невремето уништува се пред себе - ветер од 215 километри на час, најмалку 7 лица загинаа (ВИДЕО)

Моќниот ураган Берил ја погоди Јамајка со силни ветришта и дожд, оштетувајќи згради и корнејќи дрвја на карипскиот остров.

Според Си-Ен-Ен, една жена загинала на Јамајка откако дрво паднало врз нејзината куќа.

Берил, бура од четврта категорија со ветрови до 215 километри на час, го погоди јужниот брег на Јамајка.

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат поплавени улици и разнесени покриви.

Ураганот, пред да падне на копното на Јамајка, уби најмалку седум лица – три во Венецуела, тројца во Гренада и еден во Сент Винсент и Гренадини.

Откако ја погоди Јамајка, Берил ослабе и се упати кон Мексико.


Берил е само почеток на сезоната на урагани

Берил е атлански ураган, а неговото појавување го означува и раниот почеток на сезоната на урагани во Атлантикот, која вообичаено започнува кон крајот на јули или почетокот на август.

Како што пишува „Гардијан“, Берил соборил неколку рекорди дури и пред неговите ветрови на ниво на урагани да се приближат до копното.

Силниот ураган Берил ја погоди Јамајка со силни ветришта и дожд, оштетувајќи згради и корнејќи дрвја на карипскиот остров, јавува Би-Би-Си.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести