Разорен тајфун на Филипините, 10 илјади загинати, Виетнам во опасност
Најмалку 10 000 луѓе во градот Таклобан на островот Лејте, откако тајфунот Хаијан ги зафати Филипините загинаа, пишува „Гардијан ", а пренесува Фокус.
Засегнати се главно крајбрежните градови . Околу 70-80% од зградите на патот на тајфунот се урнати . Според владините проценки загинале најмалку 10 000 луѓе . Претставници на Црвениот крст на Филипините изјавија дека повеќе тела се пронајдени расфрлани по патиштата или црквите .
Официјалниот претставник изјави дека 300 жртви се од градот Басеи на островот Самар, додека други 2.000 се водат за исчезнати.
На островот се уште има градови до кои немаат пристап спасувачките екипи. Од САД и Русија соопштија дека се подготвени да им помогнат на Филипините за справување со последиците од катастрофата. Во соседен Виетнам почна евакуација на повеќе од 600 илјади луѓе , додека тајфунот се приближува и кон оваа земја , пренесе АФП .
„Ние евакуиравме повеќе од 174 илјади домаќинства , што е еквивалентно на најмалку 600 илјади луѓе " , соопштија од виетнамската служба за контрола при поплави и бури.
Се очекува тајфунот да го погоди Виетнам во понеделник наутро.
Слично
