Разочарувачки финансиски резултати на Google – Дали пребарувачот ќе се откаже од Motorola?
Профитот на пребарувачот Google, во последното четиримесечие е со разочарувачки резултати и бележи пад, од 3,24 милијарди долари во 2012 година, истиот период, на 3,12 милијарди долари. Ова ги разочара експертите од Волстрит кои имаа поинакви прогнози.
Како главна причина за ваквиот пад се наведува Motorola. Компанијата загуби 342 милиони долари во 2013, за разлика од минатата година кога загубата изнесуваше 199 милиони долари. Од тоа се гледа дека финансиската состојба во Motorola се влошува, што негативно влијае и на Google.
Добрата вест за интернет компанијата е рекламата, која повторно регистрира скок во приходите за 23%, споредено со претходната година.
Со оглед на финансиските резултати на Google, големото прашање е дали пребарувачот ќе се откаже од Motorola?
Слично
