РАЗМИСЛУВАAT ДАЛИ ОВА ЌЕ ГО ПРАВАТ ЈАВНО: Талибанците ги враќаат егзекуциите и сечењето раце
Талибанците најавија егзекуции и сечење на раце.
Мула Норудин Тураби, еден од основачите на Талибанците изјави дека ова движење повторно ќе изврши погубувања и ампутација на раце, иако можеби нема тоа да се случува во јавност.
Во интервју за АП, Тураби го отфрли гневот поради погубувањата кои Талибанците ги правеле во минатото.
„Никој нема да ни каже какви треба да бидат нашите закони. Ние ќе го следиме исламот и ќе усвоиме закони базирани на Куранот“, рече Тураби.
Засега не се знае дали казните ќе бидат јавно извршени или тоа ќе биде „развиена политика“. Откако ја презедоа власта во Авганистан, Талибанците почнале да го понижуваат луѓето кои ќе бидат фатени дека крадат, така што им ги боеле лицата, или ги шетале со камион со лисици на рацете, за да сите ги видат. Имало и случаи каде на крадците им ги полнеле устите со стар леб, за да ги понижат. Oткако Талибанците во август ја презедоа власта, многу права им се ускратени на жените.
