Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разговараа Путин и Обама – што си кажаа?

Разговараа Путин и Обама – што си кажаа?
Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Владимир Путин разговараа телефонски денеска. Според информациите од Белата куќа, Обама притоа изразил загриженост заради руската поддршка за сепаратистите во Украина. Според Кремљ, пак, Путин нагласил дека новите санкции кон Русија се контрапродуктивни. „Двајцата лидери се согласиле дека постои потреба да останат во контакт“, наведе Белата куќа. Во соопштението се додава дека Обама ја повторил загриженоста заради руското непочитување на спогодбата за контрола на нуклеарното оружје од 1987. Според уверувањето на САД, Москва ја рекршила спогодбата со тестирање на една крстосувачка ракета. Кремљ, пак, навел дека двајцата претседатели се согласиле дека сегашната ситуација во Украина не одговара на интересите ниту на Русија, ниту на САД. Тие се согласиле околу потребата за траен прекин на воените акции во југоисточна Украина и за почеток на политичкиот процес меѓу украинските власти и сепаратистите. Путин потенцирал дека новите западни санкции за неговата земја се контра продуктивни и „ќе и наштетат на руско-американската соработка и на меѓународната стабилност воопшто“.
Слично

Поврзани вести