Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раул Кастро би владеел уште неколку мандати?

Раул Кастро би владеел уште неколку мандати?

Претседателот на Куба,  Раул Кастро, еден ден по 85-от роденден изјави дека членовите на семејството Кастро се „здрави и долговечни“.

Вели дека тој би можел да владее уште неколку петгодишни мандати, но дека ќе се држи до ветувањето и ќе се повлече од власт во 2018 година.

При отворањето на Самитот на карипските земји во Хавана, Кастро со оваа духовита забелешка ги насмеа присутните.

Кастро ја презеде претседателската должност пред повеќе од 10 години од неговиот постар брат Фидел, кој тогаш беше еден од светските лидери кои најдолго владееле.

Фидел, кој тврди дека преживеал повеќе од 600 обиди за убиство, годинава ќе наполни 90 години.

Слично

Поврзани вести