Рација во Германија поради сомнеж за присуство на исламски терористи
Околу 200 полициски службеници учествувале во рација во 13 куќи главно во Берлин, но и во други делови на земјата, откако минатата недела биле уапсени две лица поради сомневање дека се поврзани со џихадистите од Исламската држава.
Полицијата соопшти денес дека рациите биле насочени главно кон лица кои, како и двајцата уапсени во минатонеделните рации, ја посетувале џамијата во берлинската населба Моабит.
Полицијата сепак нагласила дека нема никакви докази оти лицата чии куќи се претресени планирале било каков напад. Исто така, не е соопштено дали за време на акцијата има уапсени лица.
Дваца мажи беа уапсени во петокот и идентификувани се ка 41 годишниот Исмет Д. И Емин Ф. (43).
Рацијата се спроведува по само десет дена од терористичките напади во Париз.
Слично
