РАЦИЈА: Почна апсењето на Ердогановите неистомисленици!
Турската полиција започна операција на апсење на следбениците на ривалот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД.
Антитерористичката полиција рано утрово во рацијата во 13 градови ширум Турција, вклучувајќи го Истанбул, уапсила повеќе од 20 лица, меѓу кои и новинари, извршни директори, продуценти и телевиски писатели блиски на Ѓулен, јавуваат турските медиуми, пренесува агенцијата АФП.
Апсењата следеа неколку дена од донесувањето на законот со кој е овозможено да се уапсат осомничени врз основа на „основано сомнение“.
Голема група луѓе се собрале пред канцеларијата на дневниот весник „Заман“ во предградието на Истанбул приморувајќи ја полицијата да ја напушти зградата без ниту еден уапсен од вработените во списокот, пренесува француската агенција.
