Растот на приходите од туризмот, ја стави Турција на трето место во светот
Турција се наоѓа на третото место во светот во извештајот на Светската организација за туризам според растот на приходите од туризмот во првите осум месеци од оваа година.
Според извештајот за периодот јануари-август, Турција ги зголемила приходите од туризмот за 22 проценти во споредба со истиот период минатата година.
На прво место во извештајот на Светската организација за туризам е Тајланд со раст од 27 отсто од приходите од туризмот, а на второ место е Хонг Кнг со 25 отсто.
По Турција следуваат Јапонија (19 отсто), Велика Британија (18 отсто), Индија (14 отсто), Малезија (12 отсто) и САД (проценти).
Слично
