Растот на извозот од 7,3% доведе до драстичен пад на трговскиот дефицит на Шпанија
Шпанија, четвртата по големина економија во еврозоната во мај забележа трговски дефицит од само 27,5 милиони евра во споредба со дефицитот од 20,89 милијарди евра од истиот период лани.
За ова придонесе растот на извозот од 7,3 отсто. Најголем пораст во извозот е остварен во енергетиката и текстилниот сектор, додека увозот е намален за 2,2 проценти на 20,92 милијарди евра, како резултат на падот на нарачките на железо, челик и хартија.
„Трговскиот дефицит на Шпанија e значително намален во мај поради зголемувањето на извозот“ - соопштија вчера од шпанската влада.
Извозот е еден од светлите точки на шпанската економија, која се обидува да се опорави по крахот на пазарот на недвижнини во 2008 година, што предизвика скок на стапката на невработеност на рекордни 27 проценти.
Слично
