Растот на Германија успори за 0,3 отсто во третото тромесечие
Стопанскиот раст на Германија успори во третиот квартал на 0,3 отсто поради слабиот извоз, покажуваат денеска објавените податоци на германската канцеларија за статистика, Дестатис.
Бруто домашниот производ на Германија порасна за 0,3 отсто во периодот јули-септември, што е послабо во однос на растот од 0,7 отсто од претходниот квартал, се додава во соопштението на Дестатис, пренесува Франс прес.
- Позитивните импулси во третиот квартал дојдоа првенствено од самата Германија. Личната потрошувачка и потрошувачката на домаќинствата е нешто повеќе од претходниот квартал, а инвестицииите во опрема и градежништвото, исто така пораснале во споредба со второто тромесечие - се наведува во соопштението на Дестатис.
Спротивно на тоа, трговскиот биланс го закочил растот на БДП-то, односно, додека увозот продолжил да расте, извозот покажал слаб залет во споредба со претходниот квартал, заклучува Дестатис.
Слично
