Растот на дигиталните медиуми ја намали продажбата на „Фајненшел Тајмс“
Британската издавачка куќа „Пирсон“ во чија сопственост е весникот „Фајненшел Тајмс“ соопшти дека нејзиниот нето профит лани опаднал за 66%, бидејќи печатените изданија се најдоа под притисок на се поприсутните дигитални медиуми.
Профитот по оданочување лани е намален на 373 милиони евра, за разлика од 1,09 милијарди евра во 2011 година.
Извршниот директор на „Пирсон“, Џон Фалон наведе дека компанијата ќе изврши реструктуирање во цел зајакнување на позициите во областа на дигиталните изданија и ширење на пазарите во развој.
Слично
