РАСТЕГЛИВ БРЕГЗИТ: Тереза Меј бара одложување до крај на јуни, Туск предлага флексибилно поместување
Британската премиерка Тереза Меј побара денес од Европската унија одложување на излегувањето на земјата од членството во Унијата, до 30 јуни, јави британската телевизиска мрежа БиБиСи.
Премиерката во писмото упатено до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск побара одложување на Брегзит до 30 јуни наведувајќи дека, доколку британските пратеници го прифатат договорот за излегување на време, Велика Британија ќе излезе од членството пред изборите за Европскиот парламент, кои ќе бидат одржани од 23 до 26 мај.
Неименуван европски претставник изјави преходно денес дека Доналд Туск во текот на денот земјите на ЕУ ќе предложат„флескибилно“ одложување на Брегзит до 12 месеци.
Таквото решение ќе им биде „претставено денес на земјите членки на Унијата-рекол претставник.
Премиерката Меј и ЕУ вложуваат напори Велика Британија да не излезе од ЕУ без договор.
Брегзит првично беше предвиден за 29 март 2019 година точно две години од покренувањето на член 50 Лисабонскиот договор со кој се отвора процедурата за излез на земјата од членството во ЕУ.
Излегувањето потоа е одложено до 12 април, ако Лондон не го усвои договорот за заминување или до 22 мај доколку го усвои.
Британскиот парламент три пати го одби дговорот кој Лондон и Брисел го постигнаа во ноември 2018 година.
