Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТЕЧКА ЗАГРИЖЕНОСТ ДЕКА МОЖЕ ДА СЕ ШИРИ РАДИОАКТИВЕН ЧАД - избиле неколку пожари кај нуклеарката во Чернобил

РАСТЕЧКА ЗАГРИЖЕНОСТ ДЕКА МОЖЕ ДА СЕ ШИРИ РАДИОАКТИВЕН ЧАД - избиле неколку пожари кај нуклеарката во Чернобил

Неколку пожари избувнаа во близина на нуклеарната централа во Чернобил, соопшти Украина.

Украинците тврдат дека пожарите најверојатно избувнале поради гранатирање, а можно е и да се подметнати. Пожарот избувнал во област под контрола на руските сили, што според Украинците го оневозможува гаснењето.

„Постои растечка загриженост дека радиоактивен чад може да се шири“, соопшти Украинската државна служба за специјални комуникации.

Да потсетиме, Чернобил падна во руски раце во првите денови од руската инвазија. Оттогаш на виделина излегоа неколку извештаи за тешките услови за работа на персоналот на нуклеарната централа. Вчера нуклеарната агенција на ОН потврди дека за прв пат по руската окупација на нуклеарната централа, работниците успеале да извршат промена на смените.

Извор: Индекс.хр

Слично

Поврзани вести