Расте желбата за пиво
Потрошувачката на пиво во светот ќе скокне за 12 отсто, благодарение на Азискиот пазар и Латинска Америка, додека безалкохолните пијалоци ќе имаат дупло поголем раст, 24 проценти.
Обемот на трговската размена во областа на безалкохолните пијалоци во последните десет години се покачи за четири проценти, додека растот на светската потрошувачка на пиво во последните десет години изнасува 30 проценти, приближно 120 милијарди литри.
Во 2011-та година потрошувачката на безалкохолни пијалоци во светот во светот изнесувала 467 милијарди литри, а според прогнозите на институтот за истражување на пазарот „Euromonitoring“ продажбата до 2016 ќе порасне за уште 24 проценти.
Сепак во Србија продажбата на најпродаваниот пијалок алкохол во светот се намалува, но се очекува раст на конзумирањето пиво за 20 отсто до крајот на 2016-та година. Потрошувачката по жител во Србија просечно изнесува 66 литри на годишно ниво, додека во Германија овој пример е 105 литри по жител.
Слично
