Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте вредноста на Фејсбук

Расте вредноста на Фејсбук
Вредноста на работењето на американската социјална мрежа Фејсбук на берзата Насдак надмина 100 милијарди долари.
Акциите на Фејсбук во текот на тргувањето во понеделникот пораснале за 2,4 отсто во однос на вредноста на отварањето, на 41,52 долари по акција.
Капитализацијата на таа социјална мрежа достигна 101,11 милијарди долари.
На заклучувањето на вчерашното тргување, акциите на Фејсбук се продавале по 40,55 долари по акција, а капитализацијата била 98,75 милијарди долари.
Слично

Поврзани вести