Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте производството на железо

Расте производството на железо
Произвотството на сурово железо во 38 земји ширум светот во првото тромесечије оваа година е покачена за 4,3% во одност на истиот период лани-на 290,630 милиони тони. Според податоците на Светската асоцијација за производство на челик, World Steel Association, убедливо најголемо производство има Кина, 178, 22 милиони тони,раст на годишно ниво од 8,1 отсто. Меѓу првите десет најголеми светски произведувачи на железо се: Јапонија со 20, 55 милиони тони со годишен раст од 2,9 отсто во првото тромесечиа, потоа Русија 12, 56 милиони тони, раст 1,1 отсто, Индија 12, 32 милиони тони, раст 5, 5 отсто, Јужна Кореа 9,72 милиони тони пад за 6,8 отсто и САД 8,05 милиони тони, пад за 5,2 отсто. Следуваат Украинасо раст од 2,1 отсто, Германија, раст 1,1 отсто, Бразил пад за 4 отсто и Тајван 2,9 милиони тони и раст од 2,6 отсто. Минатата година, светското производство на железо е зголемено за 1,7 отсто во споредба со 2011та и достигна 1,200 милиони тони. Во 2011та се произведени 1,082 милиони тони.
Слично

Поврзани вести