Расте производството на нуклеарна енергија
Според извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), употребата на нуклеарната енергија во 2012 година бележи пораст, по намалувањето во 2011 година што се должеше на нуклеарната катастрофа во Фукушима, беше објавено во вторникот.
„Несреќата во нуклеарна централа„Fukushima Daiichi“ во март 2011 година требаше да влијае на намалување или одложување на зголемувањето на употребата на нуклеарната енергија, а не обратно", беше објавено на страната на МААЕ.
Кон крајот на 2012 година во светот беа активни 437 нуклеарни реактори, за два повеќе отколку во 2011 година. По најжестоката нуклеарна несреќа во изминатите 25 години, онаа во 2011 во Фукушима, 13 реактори беа трајно затворени, вклучувајќи и осум реактори во Германија и четири во Јапонија.
Во текот на 2012 година започнаа со работа седум реактори, од кои четири се во Кина и по еден во Русија, Јужна Кореја и Обединетите Арапски Емирати, објави ИАЕА.
Слично
