Расте производството на автомобили во Јапонија
Производството на автомобили во Јапонија во септември е зголемено за 12,8 % . Во споредба со истиот период минатата година произведени се 827.000 автомобили повеќе, се вели во извештајот, објавен од страна на владата .
Во исто време, бројот на произведените за странство јапонски автомобили минатиот месец, исто така се зголемил за 14,2 % . Извозот на возила има постигнато раст од 10,8 % , достигнувајќи речиси бројка од 400.000 автомобили.
Јапонските водечки автомобилски компании велат дека внатрешниот пазар пораснал во последните 12 месеци, и покрај укинувањето на државните субвенции за купување на возила со ниска емисија на јаглерод моноксид, пренесе БГНЕС.
Слично
