Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте профитот на Тошиба, но има проблем со телевизорите!

Расте профитот на Тошиба, но има проблем со телевизорите!
Деветмесечниот нето профит на јапонската компанија „Тошиба“, заклучно со декември 2012, е зголемен шест пати на 600 милиони долари, благодарение на растот на продажбата во секторите за полупроводници и електрични централи, соопшти компанијата. Во периодот од април до декември минатата година, фирмата остварила добивка од 1,08 милијарди долари, што е за 12,1 отсто повеќе на годишно ниво. Приходите истовремено се намалени за 7,1 отсто на 44,2 милијарди долари, поради проблеми во секторот за производство на телевизори.
Слично

Поврзани вести