Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте профитот на Фолксваген!

Расте профитот на Фолксваген!
Најголемиот производител на автомобили во Европа Фолксваген, бележи огромен профит. И покрај високите инвестиции и трошоци, добивката лани ги надминала очекувањата на аналитичарите, пишува „Wall Street Journal“. Нето профитот се зголемил и поради и поради преземањето на производителот на спортски автомобили Порше. Акционерите можат да се радуваат на резултатите,  дивидендата ќе биде повисока, но сепак останува под очекувањата на аналитичарите. Вкупните приходи за 2012 година изнесуваат 192,7 милијарди евра, што е зголемување од околу 21%. За разлика од другите големи производители како Опел, Рено и Пежо, компанијата одлично се справува со кризата. Пежо на пример, неодамна објави загуба во висина од 1 милијарда долари.
Слично

Поврзани вести