Расте продажбата на Рено и Фолксваген
Рено постигна рекордна продажба надвор од Европа во првата половина на годината, „Volkswagen“ пак денеска соопшти дека во првата половина од годината има раст на продажбата за 5,5 проценти.
Прно според продажбата надвор од најстариот континент го надмина досегашниот лидер, Пежо Цитроен. Така Рено заедно со романската Дачија и јужнокорејската Рено Самсунг Моторс, во првите шест месеци успеа да продаде 1,3 милиони возила или за 1,9 отсто помалку отколку во првите два квартали на 2012 година. Од вкупната продажба на Рено, 49,6 проценти се надвор од Европа. Компанијата соопшти дека продажбата е особено слаба во три клучни европски пазари: Франција, Германија и Италија.
Продажбата на Пежо Цитроен пак има пад за 9,76 отсто, а компанијата се преструктуира.
Истовремено „Volkswagen“ објави раст на продажбата за 5,5 проценти при што испораката на возила пораснала во првите шест месеци од оваа година на 4,7 милиони возила од 4,45 милиони во истиот период лани.
Само во јуни групацијата продала 827.800 автомобили во светот или 3,7 проценти повеќе во однос на истиот месец лани.
„Volkswagen“ оствари задоволувачки напредок, иако трговските услови не беа секогаш поволни. Меѓутоа, економската клима и понатаму е тешка, особено во Европа. Влегуваме во втората половина од годината со верба во себе, но свесни сме за огромните предизвици кои се пред нас“, изјави шефот за продажба на компанијата, Кристијан Клингер.
Слично
