Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте потрошувачката доверба во Германија

Расте потрошувачката доверба во Германија
Потрошувачката доверба во Германија продолжи да расте, благодарение на зголемениот оптимизам дека најлошиот период од кризата е зад најголемата европска економија, покажа анкетата на истражувачкиот институт ГфК.  Се очекува индексот на довербата на домаќинствата во Германија во март да порасне на 5,9 поени во однос на 5,8 поени од февруари. Очекувањата на потрошувачите во врска со економијата и нивната подготвеност да трошат, продолжуваат да се зголемуваат, иако очекувањата во врска со платите се нешто помали, додава институтот.
Слично

Поврзани вести