Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте поддршката за екстремната десница во Германија

Расте поддршката за екстремната десница во Германија

Десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД), позната по антиимигрантските ставови, има се` поголема поддршка кај Германците. Па така, најновите анкети покажуваат дека популистичката АФД за првпат има поголем рејтинг од Социјалдемократската партија (СПД). Партијата ужива поддршка кај 16 отсто од германските граѓани, додека, пак, рејтингот на социјалдемократите е намален на 15,5 проценти.

Резултатите од анкетата на „Билд“ покажуваат дека Демохристијанската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел и сестринската баварска партија ЦСУ и натаму се најсилен политички блок во Германија, кој ужива поддршка на 32 отсто од Германците. 

И по пет месеци од изборите, Германија се` уште нема влада. На коалицијата ЦДУ-ЦСУ и социјалдемократите тешко им оди формирањето коалиција. Според анкетата, доколку сега се одржат парламентарни избори трите партии би освоиле 47,5 отсто од гласовите. Истовремено, АФД, која капитализираше од критикувањето на мигрантската политика на Меркел, ја зголемува поддршката и е на добар пат да се зацврсти како втора најпопуларна политичка партија во Германија. 

Слично

Поврзани вести