Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте побарувачката на бакар во светот во последните девет години

Расте побарувачката на бакар во светот во последните девет години
Во периодот меѓу 2003 и 2012 година, побарувачката на бакар во светот се зголемила за 31 отсто, се наведува во студијата на Меѓународната група за проучување на бакарот (ICSG). Растот на побарувачката е поттикнат од поголемата потрошувачка во Кина, каде во последната декада скокнала за 186 отсто, а учеството на оваа земја во светската потрошувачка е зголемено од 20 на 43 проценти. Покрај Кина потрошувачката на бакар е интензивирана и во Африка за 46,6 отсто, а во Европа (без земјите од ЕУ) за 51,9 отсто. Опаѓање на потрошувачката е забележано на американскиот континент за 16,7, во ЕУ за 24 и во Океанија за 39 отсто. Во изминатите 10 години, годишното производство на преработен бакар е зголемено од 15,3 милиони тони во 2003 на 20,1 милиони тони во 2012 година  
Слично

Поврзани вести