Расте невработеноста во Унгарија
Стапката на невработеност во Унгарија во периодот декември 2012-февруари 2013 порасна на 11,6 од 11,2 отсто, колку што изнесуваше во кварталот ноември 2012-јануари 2013, но на годишно ниво остана непроменета.
Според податоците на Евростат, стапката на невработеност во Унгарија во јануари била нешто повисока од просекот на 27-те членки на Европската унија од 10,8 отсто.
Унгарскиот завод за статистика ја пресметува невработеноста на тримесечно ниво, бидејќи смета дека месечните податоци се премногу променливи.
Слично
