Расте невработеноста во Јапонија
Невработеноста во Јапонија е зголемена лани во декември од ноемвриските 4,1 отсто на 4,2 отсто, покажуваат податоците од јапонското министерство за финансии. Потрошувачката на јапонските домаќинства е намалена во декември за 0,7 отсто во споредба со истиот месец во 2011 година, пренесува Маркет Воч. Истовремено, просечните месечни приходи на домаќинствата се зголемени за 1,1 отсто во декември 2012 година, во однос на истиот месец пред една година.
Слично
