Расте невработеноста во Британија
Стапката на невработеност во Британија порасна во последниот квартал од минатата година на 7,2 проценти, покажуваат официјалните податоци.
Тоа се очекува да го ослабне притисокот на финансиските пазари врз централната банка на Англија да ја подигне каматната стапка.
Невработеноста во последниот квартал порасна од петгодишниот минимум од 7,1% , пишува во соопштението од британската статистичка канцеларија.
Централната банка на англија е под притисок на финансиските пазари да ја подигне рефернтната каматна стапка од историскиот минимум од 0,50 проценти, со оглед на тао дека економското закрепнување на британската економија добива замав.
Гувернерот на ЦБА, Марк Карни соопшти дека нема да ги креваат трошците за задолжување се додека невработеноста на падне барем на седум проценти.
Слично
