Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте невработеноста кај младите, 74 милиони се без работа

Расте невработеноста кај младите, 74 милиони се без работа

Повеќе од 74 милиони млади луѓе на возраст од 15 до 24 години до крајот на 2013-та година ќе бидат невработени. Ова го соопшти Меѓународната организација за труд од каде се предвидува дека процентуално, невработеноста кај младите ќе се зголеми од сегашните 12,3 на 12,8 проценти.

Според очекувањата бројот на млади луѓе без работа ќе се зголеми за 3,5 милиони во однос на 2007 година и за 0,8 милиони во споредба со 2011 година.

Од Меѓународната организација за труд посочуваат и дека бројот на невработени млади луѓе во светот ќе продолжи да расте, а во периодот од 2012 до 2018 година ќе биде зголемен за нови два милиони.

Слично

Поврзани вести