Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте малопродажбата во Германија

Расте малопродажбата во Германија
Малопродажбата во Германија во јануари неочекувано порасна, надоместувајќи ги загубите од претходниот месец, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика, Дестатис, пренесуваат германските медиуми. Според статистичките податоци, продажбата на мало во јануари порасна за 3,1% во однос на претходниот месец. Аналитичарите кои учествуваа во анкетата на агенцијата Дау Џонс Њусвајерс очекуваа скромен раст од 1%, по падот од 2,1% од декември. На годишно ниво, малопродажбата во јануари е зголемена за 2,4%, додава Дестатис. Месечните податоци за малопродажбата се сметаат за неточни и подложни се на чести ревизии.
Слично

Поврзани вести