Расте малопродажбата во ЕУ
Малопродажбата во Европската унија и еврозоната порасна во јануари во однос на декември, покажуваат објавените податоци на европската служба за статистика Евростат. Обемот на малопродажбата во 17 члената еврозона во јануари порасна за 1,2 отсто, по декемврискиот пад од 0,8 отсто, додека во 27 члената Европска унија е забележан раст од 0,9 отсто, по декемврискиот пад од 0,7 отсто, покажуваат податоците на Евростат. Во споредба со јануари 2012 година, малопродажбата во еврозоната падна за 1,3 отсто, а во ЕУ за 0,9 отсто.
Слично
