Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте деловната доверба во Германија

Расте деловната доверба во Германија
Германскиот извоз  во третото тромесечие порасна за 0,1 отсто, додека увозот порасна со побрзо темпо и така го загрози целокупниот раст на стопанството, покажуваат податоците на Дестатис. Според податоците на националната канцеларија за статистика, бруто домашниот производ на Германија, пораснал за 0,3 отсто во периодот од јули-септември, што е потврдено со прелиминарните податоци објавени недела дена претходно, пренесува Франс прес. Од друга страна, одделни податоци покажуваат дека деловната доверба во Германија силно била поттикната во ноември, по неочекуваниот пад во октомври. Деловната доверба се смета за сигурен показател за состојбата на економијата, а довербата во Германија внимателно се следи, бидејќи германската економија е најголема во еврозоната и во Европа, односно е мотор на целиот регион.  
Слично

Поврзани вести