Расте деловната доверба во економијата на Австралија
Индексот на деловната доверба во економијата на Австралија е зголемен во август на плус шест поени, од минус три поени кои беа забележани во јули, покажуваат пресметките на Народната банка на Австралија.
Деловната доверба минатиот месец го достигна максимумот, односно највисокото ниво од април 2011 година, а растот е забележан во речиси сите сектори, пренесува агенцијата Франс прес.
Сепак, под-индексот за моменталните услови за бизнис е подобрен минимално, од минус седум поени на минус шест поени, што сведочи дека проблемите во реалната економија сеуште постојат.
Слично
