Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТЕ ЦРНИОТ БИЛАНС: Поплавите однесоа жртви во Европа

РАСТЕ ЦРНИОТ БИЛАНС: Поплавите однесоа жртви во Европа

Најмалку 19 загинати има во невремето што ја погоди Европа.

Луѓе загинаа во Полска, Чешка, Австрија и Романија. Другите европски држави, вклучувајќи ги Унгарија, Словачка и Италија, се подготвуваат за тешки временски услови во наредните денови.

Најтешка е ситуацијата на местата кај чешко-полската граница. Во Чешка се евакуирани 15.000 луѓе, а во Полска 3.000 се без струја. Помалите села погодени од поплавите немаат мобилна мрежа, па дури и струја, изјави за Би-Би-Си хуманитарец од Полска.

„Службите како што се пожарникарите и спасувачите не можат да комуницираат меѓу себе. Некои села се целосно отсечени од светот, па вода и храна се носат со хеликоптери. Луѓето ги загубија сите свои работи, домови, сè. Некои дури и ги загубија животите“, изјави таа.

Полската полиција објави дека има информации за вкупно шест луѓе кои се удавиле за време на поплавите на југозападот на земјата.

Италија се смета дека е следната земја која утре ќе се соочи со невреме. Бурата Борис направи пустош во дел од Европа. 

Слично

Поврзани вести