Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте бројот на жртви по нападот на воениот полигон во Лавов

Расте бројот на жртви по нападот на воениот полигон во Лавов

Расте бројот на жртви и по претходните 20-тина сега е потврдено дека 35 лица загинаа, а 134 се ранети во нападот на руските сили врз воениот комплекс во близина на Лавов во западна Украина, 25 километри од границата со Полска. 


Нападнатиот Центар за воена обука се наоѓа на околу 50 километри југозападно од Лавов. Во последните години служел како полигон за обука на украинските сили под надзор на странски инструктори, претежно американски и канадски. Во објектот работеле и странски воени инструктори, но не е јасно дали некој од нив бил во базата кога се случил нападот.

Гувернерот на регионалните воени власти Максим Козицки рече дека руските сили истрелале повеќе од 30 крстаречки ракети кон воениот полигон Јаворив. 



Слично

Поврзани вести