Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Колку луѓе загинаа во пожарите во Лос Анџелес?

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Колку луѓе загинаа во пожарите во Лос Анџелес?

Во пожарите во Лос Анџелес загинаа 11 луѓе. 

Пет од нив настрадале во пожарот во Палисадес, а другите шест во пожарот во Итон, јавува Би-Би-Си.

Смртните случаи се случиле во Алтадена, Малибу, Пацифик Палисадес и Топанга, додека човечки останки се потврдени само во три случаи. 

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом го повика новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја посети Калифорнија и да не ги „политизира“ катастрофалните пожари што го зафатија Лос Анџелес. Тој го покани да му се придружи и „од прва рака да ги види последиците од уништувањето“.

Филмската компанија „Волт Дизни“, соопшти дека ќе донира 15 милиони долари помош за настраданито од катастрафалните пожари во Лос Анџелес и за обнова на локалната инфраструктура.

Вкупната штета и економската загуба што се припишува на пожарите во областа на Лос Анџелес се проценува на меѓу 135 и 150 милијарди долари.

Слично

Поврзани вести