Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте бројот на заразени и на починати од коронавирусот, соопшти СЗО

Расте бројот на заразени и на починати од коронавирусот, соопшти СЗО

Зголемен е бројот на нови случаи на коронавирусот во светот и на починати, информираат од Светската здравствена организација (СЗО). 

5,7 милиони нови случаи се регистрирани за една седмица. Тоа е за осум проценти повеќе од претходната недела.  Стапката на смртност скокна за пет проценти, односно евидентирани се 87.000 починати.  Најголемо зголемување на бројот на случаи е регистрирано во Југоисточна Азија, пред сè во Индија. Во тој дел од светот се регистрирани 2,26 милиони новозаразени и 17.000 смртни случаи. Бројот на новозаразени во Европа падна за 12 проценти, во Африка за девет и во Северна и Јужна Америка за осум проценти. Во Југоисточна Азија има зраст на смртноста за 81 процент. Во Европа, во изминатите седум дена се заразени повеќе од 1,46 милиони луѓе, додека 25.000 пациенти починале.

Во Индија е алармантно. Бројот на заразени „експлодираше“ поради новиот сој  Се стравува дека бројот на починати во оваа земја ќе биде повисок од официјалниот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести