Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ЧЕРНИХИВ, ИМА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Седуммина мртви, а бројот на повредени се искачи на 117

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ЧЕРНИХИВ, ИМА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Седуммина мртви, а бројот на повредени се искачи на 117

Во ракетниот напад врз Чернихив загинаа седум лица, а бројот на повредени се искачи на 117.

Како што јавува Би-Би-Си, градоначалникот Олександр Ломако го потврди бројот на загинати.

Повредени се најмалку 10 полицајци и 12 деца. Украинското министерство соопшти дека луѓето оделе во црква за празникот кога се случил нападот.

Во нападот загина и шестгодишно дете, на кое му била укажана помош на лице место, но детето не можело да се спаси, соопшти полицијата.

Мајката на детето е тешко повредена.

ФОТО: Skynews/Print Screen

Слично

Поврзани вести