Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте бројот на загинати од земјотресот во Индонезија

Расте бројот на загинати од земјотресот во Индонезија

Локалните власти денеска соопштија дека бројот на загинати од силниот земјотрес кој во неделата го погоди островот Лаомбок се искачи на 319.

Се очекува бројот на жртвите да биде поголем, бидејќи службите за вонредни ситуации и понатаму ги расчистуваат урнатините.

Земјотресот со интензитет од 6,9 степени по Рихтер во неделата вечерта го погоди Ломбок, една недела по првиот земјотрес со интензитет од 5,9 степени во кој загинаа најмалку 17 лица. Поради земјотресот 156. 000 лица мораа да ги напуштат своите разрушени домови.

Островот денес беше погоден со трет земјотрес со интензитет 6,2 степени предизвикувајќи вознемиреност и оштетувања на градежните објекти. 


Слично

Поврзани вести