Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте бројот на странски инвестиции во Франција

Расте бројот на странски инвестиции во Франција
По три години стагнација, Франција повторно привлекува странски инвестиции, чија вредност минатата година порасна за осум проценти во однос на 2013 година. Во 2014 година отворени се над 20 илјади работни места благодарение 1.014 странски инвестиции во државата. Најголемиот број од инвестициите се застапени во секторот на производството, истражување и развој, инженеринг и дизајн, а од инвеститорите најголемиот број се од Европа, па потоа следуваат тие од Северна Америка и Азија. Според статистичките податоци, платниот фонд на странските претпријатија во Франција сочинува 12 проценти од вкупниот фонд, а претпријатијата обезбедуваат 31 процент од вкупниот извоз.
Слично

Поврзани вести