Расте бројот на невработени во Австрија
Стапката на невработеност во Австрија скокна во октомври на 6,7 отсто, од 6,1 отсто од претходниот месец, соопшти министерството за труд и социјална заштита, обвинувајќи го слабиот економски раст во светот и должничката криза во еврозоната за зголемената невработеност. Минатиот месец во Австрија без работа биле 322.805 луѓе, во однос на 294,922 во септември, се наведува во соопштението.
Слично
