Расте бројот на интернет измами, Кина загубила 46 милијарди долари
Поради криминал на Интернет во текот на минатата година Кина загубила 46 милијарди долари, стои во извештајот на кинескиот универзитет за јавна безбедност во кој кинеските власти минатата година истражувале 118.000 криминални дела на Интернет.
Според извештајот, во врвот на криминалните дела се измамите, проституцијата, пирамидалната продажба и кражба на лични податоци, а дури 700.000 интернет корисници секој ден стануваат жртви на кибер криминалот. Иако Кина презеде мерки за чистење на виртуелниот простор, илегалните активности се раширени.
Како што веќе објави „Њујорк Тајмс“,лесно се достапни сајтовите кои нудат метамфетамин, дрога за поттикнување на силување, оружје и проституција.Според податоците, бројот на корисници на Интернет на крајот на минатата година пораснал на 564 милиони, додека во 2011 година изнесувал 513 милиони. Во текот на јули минатата година државните медиуми забележаа дека кинеските безбедносни служби уапсиле 10.000 осомничени и растуриле 600 кибер криминални групи.
