Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте бројот на имигранти од држави најзагрозени од економската криза

Расте бројот на имигранти од држави најзагрозени од економската криза

Бројот на имигранти од држави најсилно погодени од економската криза значително е значително зголемен од 2009 година, се наведува во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој.

Миграцијата на луѓе од држави најсилно погодени од кризата, главно од Јужна Европа, е зголемена за 45 отсто во периодот од 2009 до 2011 година. Од 2007 година бројот на Грци и Шпанци, кои емигрирале од други држави од ЕУ, е двојно зголемен, соодветно 39.000 и 72.000 луѓе, објави организацијата во анализата за 34 развиени држави.

Имигрантите од Индија и Кина во држави од ОЕЦД и понатаму претставуваат значителен број. Истовремено, состојбата на имигрантите на пазарот на трудот е влошена - просечното ниво на невработеност е зголемено за пет отсто во периодот од 2008 до 2012 година од 8,1 отсто до 12,9 отсто.

Слично

Поврзани вести