Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте бројот на дезертери од редовите на ИСИС

Расте бројот на  дезертери од редовите на ИСИС
Се поголем е бројот на ,,разочарани” припадници на Исламската Држава. Во Ирак и Сирија повеќе луѓе ги напуштаат редовите од организацијата, забележува Меѓународниот центар за студии за радикалицазија и политичко насилство со седиште во Лондон. Во нивниот извештај тие забележуваат дека од јануари 2014 година, најмалку 58 припадници ја напуштиле Исламската Држава и јавно говореле за своето дезертерство. Тие се незадоволни од убиствата на цивили и како што велат, неуспехот на ИД да се спротистави на власта на Башар ал Асад. ,,Дезертерите говорат јасно – Исламската држава не ги штити муслиманите туку ги убива”, се вели во извештајот. Оваа година, од редовите на џихадистите побегнаа околу 17 лица во јуни, јули и август.
Слично

Поврзани вести