Расте бројот на депортации
САД во првите три месеци годинава депортирале 53.746 Мексиканци, што е за 40 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, наведуваат властите во Мексико.
Борците за човекови права ја повикаа мексиканската влада да издвои повеќе средства за поддршка на зголемениот број на Мексиканци кои биле депортирани.
Јунис Рендон од организацијата „Мигрантска агенда“ на заедничка прес-конференција со претставници на мексиканската Национална комисија за човекови права, изјави дека Мексико мора да издвои дополнителни финансиски средства за реинтеграција на депортираните граѓани.
Таа заклучи дека колку подолго мигрантите живееле во САД, толку послаби им се врските во Мексико.
Слично
