Расте бројот на бегалците во ЕУ по обидот за пуч во Турција
Над 4.000 луѓе се удавиле на патот кон Европа, а 260 000 се новодојдени во ЕУ, по обидот за пуч во Турција.
Светската организација за миграција соопшти вчера дека регистрирала нагло зголемување на бројот на илегалните влегувања во ЕУ преку Грција од Турција, по неуспешниот обид за државен удар против претседателот Реџеп Таип Ердоган на 15 јули.
Во последните две недели на јули се забележува зголемување на записи во Грција со 20%, прецизира организацијата.
Во почетокот на август бројот на удавените мигранти надмина 4.000 лица, и тоа е за 1.000 повеќе од минатата година. 383 лица се удавиле во Егејското Море, а останатите - во Средоземното море.
Светската организација за миграција тврди дека од почетокот на годината во ЕУ пристигнале 257 186 бегалци и имигранти.
